Модни грешки кои го УНИШТУВААТ и најдобриот стил

облека

Модни промашувања може да им се случат дури и на дамите со најпрефинет стил.

Некогаш тоа се случува поради лоша проценка или погрешен избор. Поради тоа, ги издвојуваме петте најчести грешки кои доведуваат до модни катастрофи.

Лоша должина на ногавици на панталони

Дури и погрешно испеглан раб на панталоните може да го уништи целосниот изглед и да направи да изгледате смешно и неуредно. Кога избирате панталони, доколку се со прав крој, треба да завршуваат точно над глуждовите, додека пак пошироките ногавици треба да бидат подолги. Ако панталоните ви се предолги, однесете ги на кројач да ги скрати.

Лош избор на чевли

Сите здолништа и фустани што се над колената, комбинирајте ги со рамни чевли, балетанки, патики или чизми. Кога должината на здолништето е под колената па надолу, облечете повисока потпетица. Слично е и со панталоните, подолгите ги комбинирате со висока потпетица, додека пократките може и со пониска или со рамни чевли.

Претерување со модни детали

Можеби имате омилена јакна со везови и нитни, прекрасни ѓердани, обетки, украсени очила за сонце и чанта со прекрасен дезен, но сето тоа ставено на едно место, може едноставно да биде премногу.

Многу широка облека, несоодветна на обликот на телото

Широката и слоевита облека не е вистински избор доколку треба да се прикрие некој недостаток на телото, како што е вишокот килограми околу стомакот или колковите. Напротив, може да даде спротивен ефект. Изберете облека која ја следи линијата на вашата фигура и секогаш нагласувајте го струкот.

Погрешен избор на градник

Секогаш кога носите погрешна корпа, премал или преголем број или материјал кој не ви одговара, тоа се покажува и на целокупниот изглед. Понекогаш е потребно многу време за да се пронајде идеалниот градник, но откако ќе го постигнете тоа, можеби веќе никогаш нема да го промените моделот кој ви одговара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот