Модната куќа „Burberry“ прави пресврт во модната индустрија: Лансираа еколошки одржлива колекција! (ВИДЕО)

Instagram

Сите апели за важноста за зачувувањето на планетата Земја, очигледно ги слушна и британската модна куќа „Burberry“, бидејќи по повод Денот на планетата Земја, на 22 арил лансираа нова верзија на својата колекција за пролет/лето 2020 година. Станува збор за колекцијата наречена „ReBurberry Edit“, а се состои од 26 модни парчиња изградени од рециклирани материјали како што се остатоци од текстил и пластика добиена од преработка на рибарски мрежи.

Модната куќа водеше сметка за и за тоа да секој модел од колекцијата има посебна ознака која објаснува како конкретниот моден предмет ги задоволува критериумите на одржливост, од составот на рециклираниот материјал до условите во кои работниците го изработиле.

Наведена е и енергијата која е потрошена за продукција. Освен женските и машките модни парчиња, колекцијата е составена и од модни додатоци како наочари за сонц и чанти. Но, „Burberry“ на нашата планета не мисли само преку оваа колекција, туку веќе има направено стратегија за до 2022 година сите свои парчиња да бидат произведувани на еколошки прифатлив начин.

„Силно веруваме дека мораме да носиме позитивни промени во секој аспект на произвотството за да изградиме издржлива иднина во целата модна индустрија“, порачуваат од британската модна куќа.

Видео на денот