Модната формула на Џенифер Анистон, кралицата на минималистичкиот стил: Овие две работи никогаш не би ги носела! (ФОТО)

Facebook

Актерката Џенифер Анистон (51) скоро секогаш е на листата на најдобро облечени жени во Холивуд.

Иако модните комбинации што ги носеше нејзината телевизиска хероина Рејчел Грин во „Пријатели“ сè уште се голем хит, со оглед на големото враќање на 90-тите на модната сцена, Џенифер вели дека од тоа период не може да поднесе две работи.

Facebook

„Очилата за сонце како оние од „Матрикс“ со тенки рамки или ленонки никако не се мој стил и тоа никогаш не би го носела. Исто така не ми се допаѓа и руменило во темни тонови“, открива актерката која преферира дискретна шминка.

Facebook

Иако понекогаш модните критичари ѝ замеруваат на стилската „сигурност“, да не кажеме некреативност, Џенифер Анистон има своја модна формула, на која ѝ е верна со години, па токму тоа е причината поради која ја сметаат за една од модните икони на ѕвезденото небо во Холивуд.

Facebook

Убавата русокоса претпочита да носи класични, модели на кои не им поминува модата, кои не подлежат на модните трендови, а одлика на нејзиниот стил е класиката која вклучува многу неутрални бои и женствени кроеви кои одговараат на фигурата, без претерано играње на картата на сексапилот.

Facebook

Анистон во својата гардероба има и класични сакоа кои на секој стајлинг му даваат доза на софистицираност, а одлично изгледаат во комбинација со фармерки и патики.

Facebook

Атрактивната актерка добро е позната и по својата љубов кон црните фустани кои обожава да ги носи на црвениот тепих, а сака и модели од кожа. Секако, од црна кожа, затоа што таа е една од најомилените бои на Џенифер Анистон.

Instagram
Instagram

Актерката никогаш нема да ја видиме во облека со впечатливи бои или дезени, а обично се држи до неутрални нијанси, како што се: бела, кафена, темносина или сива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот