Модна дипломатија на дело: Џил Бајден испрати силна порака со овој изглед

Profimedia
Profimedia

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, ја даде својата последна изјава во вторникот во Делавер пред да се упати кон Вашингтон со неговата сопруга, првата дама, Џил Бајден, пред церемонијата на инаугурацијата.

Profimedia
Profimedia

Неговиот емотивен говор, во кој им се заблагодари на пријателите и семејството за нивната поддршка во текот на годините, беше поддржан од 69-годишната Џил Бајден која се одлучи за модна комбинација во доминантна виолетова боја.

Profimedia
Profimedia

Во политиката, виолетовата боја често се смета дека е симбол на единството затоа што ги комбинира црвениот мотив на Републиканската партија и сината боја на Демократската партија кои кога ќе се соединат како основни бои ја креираат виолетовата боја. Виолетовата нијанса во политичкиот контекст, многумина ја толкуваат и како поддршка на женското право на глас.

Instagram
Instagram

Џил се одлучи за во елегантен виолетов модел на палто до колена со фустан кои совршено одговараа на ракавициte во јоргован боја и цветната заштитна маска. Како што се испостави, станува збор за парчиња облека потпишани од дизајнерот Џонатан Коен со седиште во Њујорк, а на нив им се придружи и торба потпишана од брендот Тајлер Елис во светло виолетова нијанса.

За да ја смири доминацијата на моќните нијанси на виолетова боја, Џил Бајден го заокружи изгледот со неутрални салонки со потпис на познатиот малезиски дизајнер на обувки Џими Чу.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот