Модна битка помеѓу јатрвите: Меган и Кејт со својот избор покажаа колку се разликуваат! (ФОТО)

Кејт и Меган дадоа се од себе за да изгледаат гламурозно на оваа прослава, а вие проценете која изгледа подобро…

На прославата на Денот на Комонвелт, празникот на заедништвото, кој некогаш се прославуваше под името Денот на кралството, Меган и Кејт се појавија во многу впечатливи комбинации. И едната и другата се определија за силни и впечатливи бои.

Се чини дека тие дале се од себе со желба да бидат прогласени за најстилизирани на оваа прослава.

Во текот на церемонијата тие не ја тргнаа насмевката од своето лице, трудејќи се да покажат дека скандалот поради заминувањето на Меган и Хари ниту малку не влијае на целата ситуација. Имено, појавувањето на оваа церемонија беше официјално последната кралска обврска која Меган и Хари ја извршија.

Иако главно можеме да ја видиме во неутрални тонови, Кејт ги изненади сите со појавата во фустан во силно црвена боја и капут во стилот кој е типичен за неа. Како и секогаш, таа изгледаше елегантно и префинето.

профимедиа

Меган исто така остана доследна на својот стил, па се појави во фустан кој ја следеше линијата на нејзиното тело и во преден план ги истакна облините.

профимедиа

Интересните шешири ја заокружија модната комбинација и кај двете дами.

Останува да видиме како модните критичари ќе ги оценат. А вие што мислите, кој изгледаше подобро Кејт или Меган?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот