Моди-Трамп: Зајакнување на билатералните односи со глобално партнерство меѓу Индија и САД

Фото: ЕПА

Индија и САД решија да ги зајакнат билатералните односи со глобално партнерство, изјави индискиот премиер Нарендра Моди на заедничката конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Њу Делхи.

За време на посетата на Трамп, двајцата лидери разговараа за перспективите за соработка во областа на одбраната, безбедноста, трговијата и инвестициите.

Моди рече дека Индија и САД се договориле да започнат преговори за голем трговски договор.

Тој истакна дека соработката во областа на одбраната е важен дел од партнерството меѓу двете земји.

Голем дел од обуките на индиската армија се спроведуваат со војската на САД. Покрај тоа, соработката се проширува и за зајакнување на безбедноста и борбата против тероризмот.

Трамп рече дека со Моди постигнале значителен напредок во сеопфатниот трговски договор, што е од особено значење за двете земји.

Индија и САД потпишаа договор во областа на одбраната со вкупна вредност од три милијарди долари.

– Индија ќе купи хеликоптери АХ-64Е Апаче и морнарички хеликоптери од типот МХ-60Р, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот