Моди: Индија ќе игра клучна улога во светското производство на вакцини

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска посети три објекти за развој и производство на вакцини, при што во во две од нив се развива вакцина против ковид-19, а во третата е предвидено да бидат произведени милијарди дози вакцина.

– Индија не само што го предводи светот во истражувањата за вакцина, туку ќе игра и клучна улога во светското производство на вакцини. Во борбата против пандемијата, Индија стана светска аптека, констатираше Моди.

Тој рече дека за Индија вакцините не се само од клучна важност за зачувување на здравјето, туку се и глобално добро. Потенцираше дека должност на Индија е да им помогне на другите земји, вклучувајќи ги и соседните, во колективната борба против коронавирусот.

Индија со вирусот досега се справува подобро од повеќето земји, со само 6.731 заразен на милион жители и 98 смртни случаи на милион жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот