Моди: Индија целосно се потпира на своите резерви на вакцини

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска изјави дека земјата целосно се потпира на своите резерви на вакцини против коронавирусот.

– Нашата подготовка е таква што вакцината брзо стигнува до сите делови на земјата. И кога станува збор за најголемата побарувачка во светот денес, целосно се потпираме самите на себе. Не само тоа, Индија им помага и на многу земји со вакцини, рече Моди во видеоповик со здравствени работници.

Втората најнаселена земја во светот, вакцинираше повеќе од милион луѓе во рок од една недела од почетокот на кампањата.

Индија, позната како фармацевтска престолнина на светот, донираше вакцини на соседите и партнерите како Бангладеш, Непал, Бутан, Сејшели, Маурициус и Малдиви.

Индија денеска ќе започне со комерцијална испорака во Бразил и Мароко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот