Модернизиран и реконструиран водоводниот систем во општина Илинден

фото: Општина Илинден

Со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето, Општина Илинден го модернизира и реконструира водоводниот систем.

-Во должина од 600 метри екипите на ЈКП „Водовод“ завршија со дислокацијата на дел од главната водоводна мрежа на потегот н.м. Марино – Кадино, притоа се изврши замена на старите ПВЦ цевки со нови Полиетиленски цевки. Модернизирањето на водоводната мрежа е со цел да се обезбеди поголем квалитет во водоснабдувањето во населените места Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Бунарџик, Ајватовци и Бучинци – информираат од Општина Илинден.

Оттаму велат дека, обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, и најавуваат дека  тие како локална самоуправа, во соработка со ЈКП „Водовод“ и во наредниот ќе продолжат со модернизација и подобрување на водоводниот систем и во другите населени места.

 

Видео на денот