Moдерни криминалци: Местеле натпревари и заработувале со помош на сателит

Шпанската полиција со помош на Европол и Интерпол разоткрила криминална група која смислила нов начин на измама преку онлајн обложување на разни спортски резултати, објави „Вечерњи лист“.
Се започнало во 2020 година кога биле откриени сомнителни резултатски на меѓународни пинг понг турнири. Во истрагата е утврдено дека Шпанската криминална група ја сочинувале и членови од Бугарија и Романија.
Утврден е нивниот начин на „оперирање“. Тие местеле резултати на разни натпреварувања надвор од Шпанија користејќи ја технологијата, односно сателитите. Се сомнева дека сателитите се користеле за да се користат за снимање на натпреварувањата во живо, а приоритет им било тоа да го направат пред резултатите да стигнат до обложувалниците.
Освен тоа користеле и други помалку софистицирани методи кои им овозможувале да ги детектираат резултатите пред да стигнат информациите до обложувалниците. Со други зборови тие се обложувале на сигурно бидејќи однапред ги знаеле резултатите.
Во фокусот секако им биле само помали спортови од разни земји бидејќи на поголема сцена тоа не би било можно.