Модерна веќе подготвува вакцина против мајмунски сипаници

Зграда на фирмата Модерна/ Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Додека вирусот на мајмунски сипаници се шири во САД и Европа, фармацевтската компанија Модерна тестира во претклинички испитувања потенцијална вакцина против болеста.

Светската здравствена организација денеска објави дека се потврдени 131 инфекција со вирусот на мајмунски сипаници и уште 106 сомнителни пациенти откако на 7 мај беше откриен првиот случај надвор од земјите каде што инфекцијата традиционално се шири.

Од Модерна не одговорија веднаш на барањето да дадат повеќе детали за вакцините против мајмунски сипаници.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека владата е во процес на одобрување на дистрибуција на вакцина против мали сипаници, направена од компанијата Bavarian Nordik A/S С, за употреба во случаи на мајмунски сипаници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот