„Модерна” почна со тестирање на анти-ковид вакцината меѓу адолесценти

Модерна тестира вакцини против ХИВ/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Фармацевтската компанија „Модерна“ објави дека ги дала првите дози на анти-ковид вакцината што ја развива на кандидати кои припаѓаат на возрасна група од 12 до 18 години во рамки на вториот дел од последната фаза на тестирање.

Тестирањето меѓу адолесцентите значително помага да се обезбеди сигурност и ефикасност на вакцината кај помладата популација. Тестирањето се спроведува во соработка со Биомедицинското напредно тело за истражување и развој (БАРДА), кое е дел од американското Министерство за здравство.

– Со задоволство објавуваме дека започнавме со вториот дел од последната фаза на тестирање кај здрави адолесценти во САД. Нашата цел е да собереме доволно податоци до пролетта во 2021 година за да ја одобриме употребата на нашата вакцина, подоцна во учебната година, рече Стефан Бансел, извршен директор на „Модерена“.

– Се надеваме дека ќе можеме да доставиме безбедна вакцина и да им дадеме заштита на адолесцентите, така што тие ќе можат да се вратат на училиште во нормални услови, рече Бансел.

„Модерна“ планира да тестира 3.000 адолесценти во САД со две дози во период од 28 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот