„Модерна“ почна да ја тестира својата вакцина на деца

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Американската компанија за биотехнологија „Модерна“ започна со давање вакцини против коронавирусот на деца на возраст од шест месеци до 11 години, како дел од средната до доцна фаза на клинички испитувања на оваа вакцина, објави компанијата.

За време на клиничките испитувања, ќе биде испитана безбедноста и ефикасноста на двете дози на вакцината „mRNA-1273“, дадени во растојание од 28 дена, а се планира да учествуваат 6.750 деца од САД и Канада.

Вакцината е веќе одобрена за итна употреба кај Американците над 18 години.

Во посебна студија, која започна во декември, „Модерна“ ја тестира својата вакцина кај адолесценти на возраст од 12 до 18 години.

Најновите клинички испитувања се спроведуваат во соработка со Националниот институт за алергија и инфективни болести (НИАИД) и Дирекцијата за биомедицинско истражување и развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот