„Модерна” ги тестира вакцините против „јужноафриканскиот сој”

Вакцини на „Модерна“
Вакцини на „Модерна“ / Фото EPA-EFE/ABED AL HASHLAMOUN

 Кон средината на март, во САД ќе започнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна” против јужноафриканската варијанта, изјави водечкиот епидемиолог во САД Ентони Фаучи.

– Испитувањата од првата фаза ќе започнат наскоро, рече Фаучи на прес-конференцијата што ја одржа тимот на Белата куќа, одговорен за борбата против Ковид.

Засега нема да се проучува „ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста” на производот, односно неговата способност за предизвика имунолошка реакција, прецизираше Фаучи, додавајќи дека првата фаза ќе се спроведе на мал број луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот