МОДЕН ДВОБОЈ: Кејт и Меган заедно на Вимблдон (ФОТО)

Британските војвотки Кејт и Меган се појавија заедно на престижниот тениски турнир Виблдон, а друштво им правеше и сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон.

Трите дојдоа да го гледаат финалето меѓу Симона Халеп и Серена Вилијамс која и е пријателка на Меган, а доколку судиме според фотографиите тие уживаа во разговорот и насмевките.

Нормално, кога тие двете ќе се појават заедно веднаш се започнува со коментарите и анализите која е поголема „модна кралица“, а Кејт во оваа прилика си остана верна на својот стил.

Имено, таа облече зелен „Dolce and Gabbana” фустан со златни копчиња. Меган сепак се одлучи за бела кошула и плисирана сукња. Погледнете како изгледаа…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот