Моделот Џереми Рулеман ненадејно почина на 27-годишна возраст

Фото: Инстаграм

Моделот Џереми Рулеман почина на 27-годишна возраст, а причината за смртта на овој млад човек сѐ уште не е објавена, пишува „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Ruehlemann (@ruehlemann)


Трагичната вест на социјалните мрежи ја објави познатиот дизајнер Кристијан Сириано со многу трогателна порака за Џереми, со кој соработуваше:

– Никогаш не сум објавил нешто слично, но навистина е тешко да изгубиш пријател кој беше толку убава душа. Ова е за Џереми, најубавиот маж кој им даде толку многу љубов на сите што ги запозна без разлика на сѐ.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Siriano (@csiriano)


Како што вели дизајнерот, Рулеман му била муза и засекогаш ќе го сака.

„Ја испраќам сета моја љубов до неговото семејство и пријателите кои изгубија некој толку посебен. Знам дека ќе се сретнеме повторно еден ден, но во моментов сакам само да го прегрнам. Убаво одмори се, Џеј, сите многу те сакаме! Испратете љубов на неговото семејство денес, ве молам“, додал дизајнерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Ruehlemann (@ruehlemann)


Џереми Рулеман работеше за неколку модни агенции како „Соул артист менаџмент“, „Некст моделс“, „Коре Хамбург“, „ИММ Брисел“ и „Мгмт“.

Според неговиот профил на LinkedIn, тој по потекло бил од Њу Џерси, а пред да почне да се занимава со манекенство, студирал психологија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Ruehlemann (@ruehlemann)

Видео на денот