МОБИЛНИОТ И БИЛ ПОВАЖЕН ОД ДЕТЕТО: Додека мајката гледала во екранот, девојчето паднало во вода (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Благодарејќи на херојскиот потег на еден полицаец, спасено е девојчето кое паднало во базен со риби, додека нејзината мајка стоела покрај неа.

Девојчето и мајката биле навалени на оградата на базенот, а мајката гледала во мобилниот телефон. За тоа време, девојчето се качило на оградата и паднала преку неа во водата. Мајката во паника почнала да вика помош.

За среќа, во близина се наоѓал полицаецот Тан Венчи кој веднаш скокнал во базенот и го извлекол девојчето од водата.

https://www.youtube.com/watch?v=_jq4nvLa3z4

Тоа се случило на 27 септември, а се било снимено од надзорната камера. Откако снимката била објавена на интернет, многу сметале дека мајката се однесувала негрижливо, па се надеваме дека после ова ќе биде повнимателна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот