Мобилни тимови за поддршка на ранливите групи граѓани во Општина Карпош

Мобилните тимови на Општина Карпош и Црвениот крст, поради состојбата со коронавирусот изминатиов период посетија повеќе од 50 домаќинства и им обезбедија соодветна услуга, како набавка на храна, лекови и хигиенски средства.

– Се помага на најранливите групи, стари и изнемоштени лица, семејства со лице со попреченост, хронично болни и граѓани во изолација. Примарната цел е овие граѓани да не излегуваат од своите домови со цел да немаат контакт со други луѓе и да се спречи ширење на коронавирусот, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Преку ѕвонење на броевите 02/3068-806 и 071-349-230, граѓаните кои се дел од ранливата група можат да се регистрираат и да ја добијат соодветната услуга. Оваа услуга е бесплатна, а граѓаните единствено вршат наплата на продуктите кои сакаат да им се набават.

За овој проект, Општина Карпош одвои 50 илјади денари од својот Буџет, со цел да се обезбедат трошоците за волонтери и нивен превоз.

Општина Карпош ги повикува сите граѓани да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот