MО на Србија ја потврди смртта на двајцата пилоти при падот на авионот МиГ-21

Полиција во Србија/Фото: Скриншот

Двајца пилоти на Военото воздухопловство и ПВО на српската армија загинаа утрово при пад на авион МиГ-21 во близина на Мали Зворник додека извршувале летачки задачи, потврди Министерството за одбрана.

Српското Министерство за одбрана соопшти дека авионот „Миг-21″ што се урна  бил прегледан во согласност со сите процедури, а по увидот утврдено е дека е исправен и подготвен за лет.

Потресно сведоштво: На Витомир му падна авион во дворот – се трага по пилотите, надлежните молчат (ВИДЕО)

Министерството за одбрана соопшти дека надлежните истражни органи се на местото на авионската несреќа и оти истрагата е во тек. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот