Мнучин: Граѓаните на САД во август ќе добијат помош од 1.200 долари

Фото: МИА

Демократите веќе пред два месеци го одобрија својот сеопфатен план од три илјади милијарди долари.

Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин соопшти дека републиканците се подготвени, среде епидемијата на коронавирус, да го реализираат следниот пакет помош во понеделник, и дека за тоа добиле поддршка од Белата куќа.

Тој вети нова рунда стимулативни чекови од 1.200 долари, кои би можеле граѓаните да ги добијат во август.

Мнучин пред новинарите Капитол Хил рече дека продлабочувањето на долгорочните бенефиции за невработеност – но и нивно значително намалување – бил главен приоритет на претседателот Доналд Трамп.

Белата куќа изнесе план како да се намали дополнителната помош до 100 долари месечно, додека републиканците во Сенатот беа повеќе за 200 долари со општ договор за укинување на некои стимуланси.

Со истекот на рокот за мерката од 600 долари неделно за невработеност, ги принуди републиканците да дејствуваат. Демократите веќе пред два месеци го одобрија својот сеопфатен план од три илјади милијарди долари.

Мнучин оцени дека неделната помош од 600 долари е „смешна” и дестимулирачка за луѓето да се вратат на работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот