МНТ со претставата „Само глас“ гостува на „Јоакимфест“

Македонскиот народен театар со претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, а во режија на Марјан Неќак, учествува на меѓународниот театарски фестивал „Јоакимфест“, што се одржува секоја есен во Крагуевац, Србија. Во рамките на програмата претставата ќе биде изведена на 12 октомври во Кнежевско-српскиот театар.

Фестивалот опстојува веќе 15 години и поминал низ различни периоди на подеми и падови, во потрага по солидно втемелен концепт. Денес, тоа е фестивал на современ, модерен, социјален, естетски и поетски референтен театар, кој со избирање претстави се стреми да биде видлив и препознатлив не само локално, туку и во поширокиот регион.

– Со големо задоволство ја прифативме поканата на овој еврорегионален фестивал, кој се базира на избор на претстави што се во целосна согласност со модерните изведувачки театарски практики. Особено инспирира да се учествува на фестивал што ги негува естетските вредности, софистицираноста, а во исто време е и општествено одговорен и се справува со горливите проблеми и феномени од времето и светот во кој живееме. Ова за МНТ и претставата „Само глас“ е четврто фестивалско претставување, но годинава и прво патување на македонските актери (Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ) надвор од границите на нашата држава, а домаќин и организатор на Фестивалот е Кнежевско-српскиот театар во Крагуевац – соопштија од МНТ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 100, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 9-11 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот