МНТ ја отвара новата театарска сезона со „Не се клади на Енглези“

Фото: МИА

Македонскиот народен театар утре ја почнува новата театарска сезона. На репертоарот утревечер е „Не се клади на Енглези“ на режисерот Синиша Евтимов, која ќе биде изведена и на 16 септември.

Првата премиера во новата сезона на МНТ е на 24 септември – „Бесачи“ која ја подготвува бугарскиот режисер Јавор Грдев.

Претставата е според „Hangmen“ – текст од 2015 година на актуелниот британски автор Мартин Мекдона. Во актерската екипа се: Никола Ристановски, Кире Ѓоревски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Ѓорѓи Јолевски, Славиша Кајевски, Владо Јовановски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Александар Михајловски, Нелко Нелковски и Трајче Ѓоргиев.

Овој месец на репертоарот на МНТ се и двете премиери од првата половина во оваа година – „Макбет“ и „Мој термин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот