МНР: Вратени 118 македонски граѓани од Малта, се организира и враќање од Хрватска

Автобусите со кои од аеродром, ќе се пренесуваат патниците од Малта

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, денеска организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.

Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата, понуди најниска цена за авио билетите. Од МНР потсетуваат, дека граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15-дневен карантин којшто беше еден од условите за нивно враќање е на товар на државата.

Воедно, повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови  ќе бидат превезени и девет странски државјани – по четворица од Хрватска и од Црна Гора и еден од Косово.

-Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Албанија, Хрватска, Италија, Косово/НАТО, Србија, Босна и Малта за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности. МНР продолжува со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот