МНР светна во боите на Германија по повод утрешната посета на Бербок

Фото: МНР

По повод утрешната посета на министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок на Република Северна Македонија, зградата на Министерството за надворешни работи вечерва е осветлена во боите на германското знаме.

-Германија продолжува да биде еден од најсилните промотори на европската интеграција на регионот, пишува во објавата на официјалната фејсбук-страница на МНР.

Како што соопшти министерството, Баербок утре ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи, во рамки на која ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Шефицата на германската дипломатија ќе оствари средби и со парламентарната Комисија за надворешна политика, како и со претставници на опозициските партии.

Според агендата од МНР, по пристигнувањето, Баербок и Османи ќе одржат тет-а-тет средба, потоа ќе следува средба на двете делегации, а двајцата министри ќе одржат и заедничка прес – конференција.

Фокусот на разговорите меѓу двајцата министри, како што најавија двете страни, ќе биде пристапниот процес на земјата во ЕУ, а особено потр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот