МНР се извини за скандалозната поштенска марка и се огради од Пошти

Министерството за надворешни работи преку вршителот на работи во амбасадата во Белград упати извинување до српските власти во врска со грешката направена во АД „Пошта на Северна Македонија“, истакнувајќи дека е направен ненамерен дизајнерски пропуст за којшто веќе се преземени соодветни чекори.

„Министерството за надворешни работи недвосмислено и децидно отфрла каква било поврзаност со овој немил настан, изразувајќи жалење до сите засегнати страни, на граѓаните во Србија, Босна и Херцеговина и на Хрватска. Регионалната соработка и добрососедските односи се главниот столб на надворешната политика на Република Северна Македонија и остануваме посветени на нашите заложби за уште посилен ангажман и соработка со непосредното и поширокото соседство, во исполнувањето на преостанатите обврски и реформи на патот на европската интеграција, со силен меѓусебен амалгам и во интерес на сите граѓани во регионот”, велат од МНР за Слободен печат.

Донесени се одлуки за повлекување од употреба на спорната поштенска марка и поништување на целокупниот тираж, како и одлука за разрешување на раководителот на Бирото за филателија и одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.

Беше пренесено и официјалното извинување од страна на АД „Пошта на Северна Македонија“ во кое се изразува жалење за ненамерната грешка и техничките пропусти при објувувањето на марката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот