МНР: Немаме информации дека македонски државјани се борат во Украина

Украински војници во Николаев / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Министертво за надворешни работи на Северна Македонија нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина, по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 72 наши граѓани.

„Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. Постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана“, велат за МИА од МНР.

Властите во Москва објавија табела за, како што ги нарекуваат, странски платеници што се борат на страната на Украина. Меѓу земјите од кои во Украина доаѓаат „платеници“ е и Северна Македонија. Според руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на украинска страна се бореле 79 македонски државјани од кои убиени се 26, вратени се 21, а активни на фронтот се уште 32 лица од земјава.

Меѓу земјите од има „плтеници“ во Украина се и Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Летонија, Косово…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот