МНР: Нема загинати македонски државјани во невремето на Халкидики

Министерството за надворешни работи информира дека согласно комуникацијата остварена со надлежните служби нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики.

„Заради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја. Генералниот конзулат на Северна Македонија е во постојан контакт со надлежните служби. Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони: 00302310277347 и 00302310277348 или нашата амбасада во Атина на телефонскиот број 00302106749585“, се вели во соопштението од МНР.

УЖАСНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ ХАЛКИДИКИ: Најмалку петмина мртви (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот