МНР на Г7: Ќе го зголемиме економскиот и политичкиот притисок врз Русија

Самит Г-7

Министрите за надворешни работи на групата Г7 денеска се договорија да ја зајакнат економската и политичката изолација на Русија, да продолжат со снабдување со оружје и да работат на ублажување на глобалниот недостиг на храна предизвикан од војната во Украина, се наведува во заедничкото соопштение.

„Ја потврдуваме нашата решеност дополнително да го зголемиме економскиот и политичкиот притисок врз Русија, како и да продолжиме да дејствуваме заедно”, се додава во заедничкото соопштение по состанокот на Г7 одржан во северна Германија.

По состанокот во замокот стар 400 години во балтичкото одморалиште Вајсенхаус, министрите за надворешни работи на Велика Британија, Канада, Германија, Франција, Италија, Јапонија, Соединетите Американски Држави и Европската унија, исто така, ветија дека ќе продолжат со воената помош за Украина „се додека е потребно”.

Тие, исто така, порачаа дека ќе се осврнат на „руските дезинформации” чија цел е да се обвини Западот за проблемите со храната ширум светот поради економските санкции кон Москва и ја повикаа Кина да не и помага на Русија и да не ја оправдува руската инвазија.

Според нив, клучот за зголемување на притисокот врз Русија е забраната или постепеното укинување на руската набавка на нафта. Се очекува следната недела земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за ова прашање, иако во моментов има противење од Унгарија.

„Ќе ги забрзаме нашите напори да го намалиме и прекинеме нашето потпирање на руската енергија што е можно поскоро, надоврзувајќи се на обврските на Г7 за постепено укинување или забрана за увоз на руски јаглен и нафта, се наведува во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи на земјите од Г7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот