МНР го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Платата за јуни е исплатена вчера

Министерството за надворешни работи ги демантира информациите кои ги објави денеска ВМРО-ДПМНЕ, дека наводно трет месец на македонските дипломати, амбасадорите, целата дипломатија, службите, вработените во ДКП-ата, не им се покрива здравственото осигурување. Од МНР велат дека на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ се изнесени невистини.

-Платата на вработените во МНР, како и во останатите државни институции, согласно законската регулатива, не би можела да биде исплатена без уредно уплатени придонеси за здравствено и пензиско осигирување. Исто така факт е дека платата во МНР во континуитет се исплаќа редовно – платата за јуни 2019 година беше исплатена во текот на вчерашниот ден (3 јули 2019 година).

Министерството за надворешни работи во континуитет и навремено ги исплаќа платите и сите придонеси за своите вработени. За потврда на фактот дека МНР редовно ги уплаќа задолжителните придонеси, упатуваме да се обратите во УЈП, Фондот за пензиско осигурување и Фондот за здравствено осигурување“, соопштија од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот