МНР: Акцискиот план ќе се доусогласи со новата бугарска Влада

Бујар Османи и Екатерина Захариева, Фото: Архива

Акцискиот план за секторска соработка меѓу Македонија и Бугарија со кој требаше да се врати довербата во Договорот за добросоедство ќе се доусогласи со идната бугарска влада, велат од Министерството за надворешни работи за „Слободен печат“.

По декемвриското бугарско вето за преговори со ЕУ Македонија понуди да ги затопли односите со Бугарија преку ваков план за секторска соработка. Минатиот месец министерот за надворешни работи Бујар Османи оптимистички најавуваше дека планот е готов 99 отсто и „само што не е усвоен“ и се очекуваше тоа да се случи на втората седница на Меѓувладината комисија, исто така пред изборите во Бугарија.

Од МНР велат дека упатиле официјална покана за одржување на Меѓувладината комисија и очекуваат одговор, „согласно актуелната внатрешна ситуација и процесот на формирање на влада“.

– МНР на РС Македонија ги следи политичките процеси и одржува коректна соработка со МНР на Бугарија. Во однос на Акцискиот план, очекуваме дека окончувањето на преговорите за формирање на влада ќе доведе до забрзување на неговото усогласување. МНР упати официјална покана за одржување на Меѓувладината комисија и очекуваме одговор, согласно актуелната внатрешна ситуација и процесот на формирање на Влада. Институциите на РС Македонија ќе продолжат интензивно да работат со институциите на Р Бугарија, без оглед на составот на политичкото раководство. Од наша страна јасно е изразена добрата волја и очекувањето за одржување на Меѓувладината комисија – велат од МНР за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот