Мнозинството Германци очекуваат зголемување на даноците – експертите и политичарите поделени

Германија оваа година во буџетот ќе има 81,5 милијарди евра помалку по основ на данок, што во споредба со минатата година изнесува минус 10 проценти.

Најголем дел од жителите на Германија сметаат дека кризата предизвикана од корона вирусот ќе доведе до зголемување на даноците, се вели во истражувањето направено од институтот „Insa“.

Според податоците на ова истражување што го објави весникот „Bild“, дури 62 проценти од Германците сметаат дека поради економските последици ќе дојде до зголемување на даноците во земјата, додека 18 проценти не веруваат во вакво сценарио.

Според проценките, државата оваа година во буџетот ќе има 81,5 милијарди евра помалку по основ на данок, што во споредба со минатата година изнесува минус 10 проценти. Социјалдемократската партија на Германија поради ова смета дека само со покачувањето на даноците и таксите земјата би можела да ја преброди актиелната криза.

Шефицата на СПД, Саски Ескен, предлага сголемување на данокот на примањата, од кој државата би можела да ги врати сите кредити кои ги зела за време на кризата.

Германската канцеларка Ангела Меркел одбива секакво зголемување даноци.

Експертите тргнуваат од тоа дека државните финансии брзо ќе се опорават и дека веќе идната година приходите од даноци ќе бидат на ниво од 792,5 милијарди евра, што е речиси исто ниво како и она пред кризата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот