20 C
Скопје

Мнозинство вработени во Амазон од Алабама гласаа против стапување во синдикат

Работниците од голем склад на Амазон во Алабама одбија да се синдикализираат што преставува голема победа за гигантот во малопрадажба на интернет, кој води битка да спречи работниците да влезат во синдикални односи и со тоа да иницираат такви постапки насекаде. 

Против гласале 1.798 работници на Амазон од повеќе од 3.000 уфрлени гласови, додека оние кои гласале „за” се само 738. Околу 500 гласови биле спорни, многу прогласени за неважечки, но и да биле пресметани, тоа немало да влијае на исходот од гласањето. 

Гласањето беше со интерес следено во Америка, бидејќи корпорацијата е еден од најголмите работодавачи во САД. Со ова гласање, склад на Амазон за првпат можеше да влезе во американскиот Синдикат за продавници на облека и за продажба на мало и големо (РВСДУ). А тоа се гледеше како иницијатива за можна организација на кампањи и протести околу објектите на Амазон во САД и во светот. 

Испраќање илјадници смс пораки, организирање антисиндикални состаноци и лепење летоци во тоалетите се некои од начините како Амазон во изминатите месеци ги убедуваше избраните работници да гласаат против. 

На ова неодамна реагираше и претседателот Џо Бајден, со порака на Твитер дека работниците треба сами да донесат одлука на синдикални избори без притисок од работодавачот. Притоа не го спомена името на Амазон. 

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, во март покани синдикални работници од Амазон да сведичат пред сенатскиот Комитет за буџет и неодамна го посети градот Бесемер во поддршка на синдикатот и гласањето. 

Работниците кои се за синдикат, на брифинг за новнарите денеска ветија дека ќе ја продолжат борбаа против Амазон. Оттаму укажаа дека ќе го оспорат резултатот од гласањето  и ќе поднеси жалби за нефер работни односи во компанијата до Националниот борд за труд, кој го следеше гасањето. 

Поврзани вести

УХМР со временска прогноза до вторник

Слободен печат

ВИДЕО | Необична појава во центарот на Солун: Дива свиња се прошета на главниот плоштад

Слободен печат

Курти нема да бара гаранции за поранешните водачи на ОВК

Слободен печат

Забрчанец: Медиумите дадоа сериозен придонес во спасување човечки животи, но неопходна е кампања за едукација за вакцините

Слободен печат

ВИДЕО I Индонезија: Вулканот Синабунг почна да исфрла облаци од пепел

Слободен печат

Деспотовски: Од почетокот на годинава потпишани пет договори, а се преговора со повеќе за над 300 милиони евра инвестиции

Слободен печат

Остави Коментар