Многумина велат дека чудесно ги топи килограмите, но грејпфрутот не е за секого

Тој е богат извор на антиоксиданти, заедно со витамините Ц и А, содржи бета-каротен, лутеин и зеаксантин. Сите тие можат да помогнат во борбата против слободните радикали, нестабилни соединенија што можат да поттикнат развој на рак и други болести.

Од другите важни состојки, грејпфрутот содржи околу 10 отсто од дневните потреби за растителни влакна, железо, калциум, магнезиум, фосфор, калиум, холин, ликопен и бета-каротен, лутеин и зеаксантин, кои заедно со витамините Ц и А се, исто така, моќни антиоксиданти.

И покрај многуте придобивки, грејпфрутот не им одговара на сите, познати се неговите интеракции со некои лекови. Се врзува за некои ензими, поради што лекот може да помине низ дигестивниот тракт и да влезе во крвотокот побрзо отколку што треба. Како резултат, нивоaтa на лекот во крвта може премногу да се зголемат, што може да биде опасно. На пример, грејпфрутот може да влијае на статините (лекови за намалување на холестерол), блокаторите на калциумовите канали (за намалување на крвниот притисок) и некои лекови за психички болести.

А, оние кои страдаат од болести на бубрезите, треба да внимаваат со јадењето грејпфрут поради високата содржина на калиум. Оштетените бубрези, всушност, можат да имаат тешкотии во отстранувањето на вишокот калиум од крвта, а таложењето на калиум може да биде и опасно по живот.

Луѓето со гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) може да имаат влошување на киселините во желудникот и враќање на содржината по консумирањето на грејпфрут, поради неговата киселост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот