Многумина мислат дека не вреди толку: Дали и вам ви се допаѓа фотографијата за која Ким бара 10 милиони?

Фотографија: Instagram

Ким Кардашијан Вест одлучи да ги тужи авторите на апликацијата за разубавување на „селфи“ со наслов iHandy, бидејќи без нејзина дозвола употребиле фотографија од неа за реклама.

Станува збор за апликација која додава шминка, филтери и менува одредени карактеристики на фотографијата.

Како што јавуваат американските медиуми, ријалити ѕвездата е посебно лута на авторите на апликацијата, бидејќи таа го објавила тоа селфи на својот инстаграм-профил за да ја рекламира својата линија на производи за шминка, а некој ја употребил за сопствена реклама.

Што се однесува до обвинетата страна, тие истакнуваат дека авторите не знаеле дека станувало збор за селфи на славната Ким.

„Апсурдна е одбраната дека не знаеле кој е на фотографијата која неовластено ја превземале од интернетот, тоа е една од најпознатите и најпрепознатливите жени на светот“, истакнал адвокатскиот тим на Ким Кардашијан.

И покрај тоа што секоја фотографија на славната убавица е неспорно атрактивна, многу корисници на друштвените мрежи, па дури и нејзини фанови тврдат дека претерала со побараниот износ.

Кое е вашето мислење?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот