Многумина ја нарекувале шестиот член на „Ролинг Стоунс“: Анита Паленберг е девојката која ги освои мажите на познатиот бенд!

инстаграм

Ја нарекувале шестата членка на Ролинг Стоунс. Во далечната 1965 година, тогашната 21-годипна Анита се запознала со Ролинг Стоунс после нивниот концерт во Минхен и започнала врска со гитаристот и еден од основачите на групата – Брајан Џоунс. Тие ја делеле истата страст – консумирање дрога, а нивната врска била одбележана како бурна, поради љубоморните испади на Џоунс.

View this post on Instagram

Villa Nellcôte, Villefranche-sur-Mer, 1971.

A post shared by Anita Pallenberg (@a.nitapallenberg) on

„Денови подоцна имав рани и модрици насекаде. Кога ќе полудеше фрлаше работи по мене, се што ќе му дојдеше при рака – светилки, часовници, столици, тацни со храна – а кога ќе се смиреше се чувствуваше виновен и ме молеше да му простам“, раскажала во една прилика Паленберг. Капката што ја прелила чашата било кога Џоунс ја удрил Анита толку силно по лицето што си ја скршил раката.

Кит Ричардс исто така не можел да ѝ одолее на згодната Анита. „Се знаеше и можеше тоа да го каже на пет јазика“, рекол Ричардс. На заедничко патување во Мароко со Анита и Брајан, Кит безнадежно се заљубил во Анита. „Се уште се сеќавам на мирисот на портокали во Валенција. Кога прв пат ќе легнете со Анита Паленберг, се сеќавате на таквите работи“, изјавил Ричардс.

View this post on Instagram

Been a while.

A post shared by Anita Pallenberg (@a.nitapallenberg) on

После 2-годишна врска со Џоунс, Анита била 13 години со Ричардс со кого има 3 деца.

Анита починала на 13 јуни 2017 година во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот