„Многу сум уморен, ноќва одам нагоре…”: Искрено и емотивно со авторката на книгата посветена на Тоше

тоше проески
Соња Алексоска Неделкоска и Тоше Проески / Фото: Приватна архива

Искрено и емотивно со Соња Алексоска Неделкоска, новинар и автор на книгата ,,Ова не е крај” посветена на Тоше Проески.

На Тоше не треба да се сеќаваме само на денот на неговиот роденден и на денот на неговото заминување кон ѕвездите. На неговиот лик и дело треба да се присетуваме постојано, затоа што тој го заслужува тоа.

– Кога се зборува за Тоше Проески и кога имате задача да напишете за животот и кариерата, пред сè треба да бидете искрени со себе. Секој измислен или лажен збор не прилега на неговотот дело, од причина што тој остави кариера чиста како солза, живееше кратко, но остави богатство, а преку своето постоење ширеше љубов, чесност и искреност – го започнува разговорот Соња, која во многу моменти од неговиот живот била сведок на сè што беше и правеше Тоше.

Тоше и Соња / Фото: Приватна архива

– И ДЕН ДЕНЕС СЕ СЕЌАВАМ НА МИГОВИТЕ КОГА ГО СОНУВАВ ТОШЕ, ВРЕМЕТО МЕ ГАЗЕШЕ, КНИГАТА ЈА ПИШУВАВ ТРИ ГОДИНИ, СО ГОЛЕМА ПОДРШКА НА СЕМЕЈСТВОТО ПРОЕСКИ, НА КОМУ СУМ МНОГУ БЛАГОДАРНА ШТО МИ ЈА ДАДОА ДОВЕРБАТА И ШТО ЈА ИМАВ ЧЕСТА ДА ЈА ИЗВРШАМ ОВАА ТЕШКА И ОДГОВОРНА РАБОТА, ДА НАПИШАМ КНИГА ЗА ТОШЕ.

Во книгата свое сеќавање споделуваат повеќе од 80 соговорници, од Македонија и од странство…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот