Многу помалку заразени во БиХ викендов, но и помалку тестирања, 11 починати

epa08298173 Bosnian People are waiting for a medical examination for a coronavirus in front of a tent at the entrance to State hospital, in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina, 16 March 2020. Several European countries have closed borders, schools, public facilities, and have canceled most major sports and entertainment events, in order to prevent the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus, which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Од појавата на короанвирусот бројот на заразени надмина 18.000, додека бројот на починати е над 537 лица.

Бројот на новозаразени од коронавирусот во понеделникот во БиХ повторно падна – забележани се 127 случаи, но тоа е резултат на фактот дека за време на викендот имало далеку помал број на тестови, додека бројот на смртни случаи од тие последици достигна 11.

Уште во петокот имаше 364 лица заразени од вирусот САРС-КоВ-2, за во текот на викендот тој број значително да опадне. Во понеделникот 90 случаи на коронавирус се забележани во Република Српска, 35 во Федерација БиХ, и уште два во областа Брчко.

При тоа во Федерацијата БиХ се тестирани 779 лица, а во Република Српска заразата е потврдена кај 90 лица од 718 лабораториски примероци.

Нови случаи во Федерацијата БиХ се забележани во Сараевската, Херцеговачко – неретванската, Западно – херцеговачката, Унско – санската, Зеничко – добојската и Тузланската жупанија.

Во последните 24 часа во тој ентитет од последиците на заразата од коронавирус починаа 9 лица, а во Република Српска се забележани два фатални исходи.

Од појавата на короанвирусот бројот на заразени надмина 18.000, додека бројот на починати е над 537 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот