Многу НБА играчи не се доволни добри за Европа

twitter/AnadoluEfes SK

По елиминацијата на САД во четвртфиналето на Светското првенство во Кина, кошаркарот на Фенербахче, Дерик Вилијамс изјави дека најдобро би било за репрезентацијата да играат играчи кои се членови на европски екипи.

Идентично мислење има и кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин кој беше прогласен за МВП на последниот фајнал фор турнир.

– Мислам дека треба сериозно да се размисли за ова. Има многу НБА кошаркари кои не би можеле да играат во Европа. Можеби би добиле мала минутажа, но не би биле толку успешни како што тие мислат. Во Европа кошарката се игра на друг начин, не се гледа личната статистика туку најважен е тимот – вели Ларкин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот