Многу наши гласачи останаа дома, а тоа е поддршка за нашиот противник, вели Заев

Зоран Заев / фото: СДСМ/принтскрин

Седењето дома и неизлегувањето на гласање е поддршка на опонентот на СДСМ, им порача премиерот и претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев на гласачите во вечерашното гостување на ТВ Сител.

– Многу наши гласачи останаа дома. Ние не сме победени од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, ниту во Скопје, ниту во другите општини. Тие имаат дури и помалку гласови од тоа што имале, но ние имаме многукратно помалку гласови. Луѓето останаа дома од различни причини и целото тоа е таргетирано да ги мобилизираме да излезат. Еден дел од слободоумни граѓани или до крај нецелосно упатени со политиката викаат „абе добро ќе има втор круг во вториот круг ќе излезам“, еден дел си адресираа сериозна казна, ни дадоа жолт картон комплетен заради незадоволство од одредени афектирања на политиките и сето тоа е причина зошто граѓаните останаа дома, рече тој.

„Верувам ги адресиравме, променивме многу во нашиот пристап, сѐ со конечна цел да мобилизираме излезеност. Ако навистина некој одлучил дека треба да нѐ промени, да ја казни власта, локална, градска, државна и слично, може тоа да го направи на изборите, но ако мисли дека треба да не поддржи треба да излезе исто така, но седењето дома според нас е комплетна поддршка на нашиот опонент“, додаде Заев.

Тој повтори дека очекува по локалните избори да се засили парламентарното мнозинство, кон кое според него ќе се приклучат неколкумина пратеници. Повеќе детали за ова Заев најави за по изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот