Многу македонски граѓани летово ја одбраа Хрватска, но не како туристичка туку како работна дестинација

Хрватското крајбрежје летово беше дестинација на многу македонски граѓани, но не како туристичка, туку како дестинација каде работат. Мотивите и целите им се различни, но главно се задоволни од она што им е понудено, а задоволство од нивниот ангажман изразуваат и хрватските работодавци.

Кирил и Наташа се двајца меѓу многуте што ја поминуваат оваа туристичка сезона во Хрватска. Работат во ист хотел „Ла Луна”на хрватскиот остров Паг, заедно со уште неколку македонски граѓани, како и со повеќе вработени од поранешните ју републики.

– Мотивот да барам работа надвор од мојата земја беше првенствено финансиски. Идејата беше за неколку месеци да заработам некоја сума што би ја заработила дома за една година, притоа да си ги подмирам целогодишните трошоци на факултет – вели Наташа Трајковска од Скопје.

Прочитајте и...  Османи: ДУИ реализираше внатрешен ветинг

Наведува дека Хрватска ја одбрала како дестинација од причина што ова и е прво работно искуство во странство, а Хрватска и била доста позната бидејќи е често таму.

– Работата ја најдов со препорака преку приватни контакти од Хрватска, не сум запозната и не сум била во контакт со агенции кои посредуваат за работа во странство. Платата ми е солидна, задоволна сум со неа и е според хрватските стандарди – истакнува Трајковска.

Додава дека нашла работа во хотелот „Ла Луна”, кој се наоѓа на островот Паг, а местото се вика Јакишница (Лун). – Работам во Велнес центарот на рецепција и сум презадоволна. Планирам да останам до крајот на сезоната, а од 1 октомври почнувам со факултетот, вели таа.

Прочитајте и...  Заев: Снимките на Милошоски покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за ЈО

Работата ја нашла со препорака преку приватни контакти од Хрватска. Вели дека не е запозната и не била во контакт со агенции што посредуваат за работа во странство.

Лошите економски услови во земјава, можностите кои ги нуди работењето во странство, како и стекнувањето нови познанства, знаења и работно искуство биле причина и за Кирил да побара работа во странство, одбирајќи ја летово Хрватска, а најавува дека и следанта година би се вратил.

-Работам сезонски. Рабоата ми е добра, немам никакви приговори, т.е. ќе се вратам најверојатно и следната сезона тука, вели Кирил.

Открива дека работата ја нашол случајно и решил да ја прифат понудата.

– Случајно, сурфав на интернет, т.е. ми се појави оглас за работа во странство, и едноставно размислив и „ја зграпчив приликата” – вели Кирил.

Прочитајте и...  СДСМ: По 30 години, лани за прв пат во државата почнаа да се градат целосно нови мостови

И двајцата велат дека на островот е исклучително добро и има преубава природа, пејзажи, најстарата плантажа со маслинки, а исто така на само неколку километри од нив е и плажата Зрќе позната по своите музички фестивали.

Работат во друштво на вработени од Хрватска, БиХ и Србија, а проценките се дека само во Новајлија, град близу овој хотел, летово работеле над 100 Македонци.

– Вработуваме луѓе без разлика од каде се. Имаме доста од Северна Македонија, а според моите сознанија ги има во Новајлија само 100 лица. Вредни се и коректни, а оние кои не се си заминуваат – вели Мате Дедич, менаџер во хотелот „Ла Луна”.

Прочитај повеќе

Спасовски изрази сочувство до семејството на загинатите деца во Романовце

Слободен печат

Асанж и претставници на американската Влада утре ќе се соочат во лондонскиот суд

Слободен печат

Официјално соопштение од Јамајка: Не е донесена одлука за признавање на Косово

Слободен печат

Силен земјотрес на границата меѓу Турција и Иран

Слободен печат

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА БИТКОИНОТ: Инвеститорите со нетрпение го чекаат мај

Слободен печат

Спасовски ќе ја предводи делегацијата на Самитот на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Слободен печат

Остави Коментар

11 − четири =

Прочитај повеќе

Вучиќ до Милановиќ: Да ја бакнам земјата пред вашите стапала? Не ми паѓа на памет

Слободен печат

Георгиева: Епидемијата на коронавирусот го загрозува обновувањето на глобалната економија

Слободен печат

Околу 16 илјади македонски државјани живеат во Венето и Ломбардија, каде има изолација на 11 населени места поради коронавирусот

Слободен печат

Пендаровски изрази сочувство до семејството чии деца загинаа во експлозијата во Романовце

Слободен печат

Филипче: Подготвени сме дури и во случај да се појави првиот заболен

Слободен печат

Жената и детето кои беа повредени по денешната експлозија во Романовце се во критична состојба

Слободен печат