Многу луѓе во изолација, малку контроли на полицијата

ГП Табановце / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Попушти ли контролата на полицијата кон лицата за кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат издава решенија за изолација врз основ на позитивен тест за ковид-19?

Се повеќе граѓани реагираат до редакцијата на „Слободен печат“ дека познаваат лица кои би требало да бидат во изолација, а не се.

– Барајќи совесност и свесност од граѓаните и плашејќи се за сопственото здравје, решив преку Вашиот медиум да побарам поажурна работа на полицијата. Лично знам многу луѓе кои секојдневно излегуваат од дома, а имаат решенија за самоизолација, дури и се фалат дека полиција ниту еднаш не ги посетила за да провери дали ја почитуваат изолацијата, вели читател на „Слободен печат“.

Од МВР велат дека полицијата редовно врши контроли на лицата кои што се во изолација.

– Полициските службеници редовно вршат контроли на лицата кои што се во изолација, согласно листата на издадени решенија од ДСЗИ, која се добива на дневна основа. Така, од вкупно 5.552 лица моментално во изолација, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани 419 нови лица со вакво решение, а извршени се околу 2.000 контроли. Или, од почетокот на мерката досега извршени се вкупно 1. 089.804 контроли врз овие лица, велат од МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот