3.9 C
Скопје

ММФ: Владата во Лондон треба да продолжи да ги поддржува малите компании и да ги штити работниците

Велика Британија може да си дозволи да одвои уште повеќе пари за економијата, иако веќе потроши многу во борбата против пандемијата на коронавирусот, изјави денеска Кристалина Георгиева, генерална директорка на ММФ.

Британската Влада треба да ги засили јавните инвестиции и да ја зголеми социјалната помош за луѓето кои останаа без работа поради Ковид-19, додаде таа.

Исто така, Владата во Лондон треба да продолжи да ги поддржува малите компании и да ги штити работниците сè додека не заврши економската криза, рече Георгиева во име на ММФ.

– Мојата главна порака денес е дека континуираната помош е клучна во намерата да се одговори на ударот на пандемијата, што ќе ја одржи и освежи економијата, рече Георгиева во онлајн презентација со британскиот министер за финансии Риши Сунак.

Прочитајте и...  Бесими: Фискалниот совет ќе обезбеди независни ставови и поголема контрола на јавните пари

Таа го поздрави ветувањето на британската Влада која е решена да го подигне моралот и самодовербата на луѓето.

ММФ проценува дека Велика Британија годинава ќе има дефицит од 16,5 проценти од бруто домашниот производ.

Извор:МИА

Поврзани вести

ВИДЕО+ФОТО: На Италијанците не им е дозволено да ги преминат границите за Божиќ

Слободен печат

Најпродаваната книга во Италија содржи само празни страници

Слободен печат

ВИДЕО кое ги мобилизираше добрите луѓе: Учениците Мите и Катерина од село Стрновац ќе добијат компјутери за настава

Слободен печат

„Коха“: МСП на Косово ги снабдува амбасадите со знамиња на ОВК

Слободен печат

Португалија ги олеснува мерките за Божиќ, но не и за Нова Година

Слободен печат

ВИДЕО: Филипче убедува дека изборите во Штип ќе бидат целосно безбедни по здравјето на граѓаните

Слободен печат

Остави Коментар