ММФ вели дека Хрватска заради коронавирусот ќе потоне многу повеќе од Србија

Хрватски куни/Фото: Скриншот

Меѓународниот монетарен фонд објави проценки за глобалниот БДП по земја, и повеќе или помалку целиот свет е во црвен минус. Во просек, глобалниот БДП ќе падне за 3 отсто, а само неколку земји ќе забележат раст, како што се Индија и Кина, но нивниот раст нема да биде ист како порано, туку далеку понизок- меѓу 1 и 2 отсто.

Европа паѓа двојно повеќе од светскиот просек

Проекциите за Европа се полоши од светскиот просек. БДП во европските земји, внатре и надвор од Европската унија, ќе падне дури 6,7 отсто. Но, дури и овие катастрофални бројки постојат полоши, а тоа се оние кои се однесуваат за Хрватска. Според проценките на ММФ, Бруто домашниот производ на Хрватска ќе падне за дури 9 отсто, додека само полошо мина Италија со пад од 9,1 отсто и Грција со пад од цели 10 проценти.

Економски аналитичар: Падот од 9 проценти дури е и добар

-Тоа е дури најдоброто сценарио. Може да биде многу, многу полошо, вели економскиот аналитичар Дамир Новотни за хрватскиот портал „Индекс“.

Хрватската економија е многу зависна од туризмот и сродните индустрии, па ударот ќе биде исклучителен. Земјите кои помалку од Хрватска се зависни од движењето на луѓето, а повеќе од движење и производство на стоки, ќе доживеат помал пад, иако никој во Европа нема да помине недопрен.

Пад на БДП поради коронакризата

Хрватска е чувствителна поради туризмот

-Вчера слушав еден водечки германски епидемиолог, кој препорача неговите сограѓани да не патуваат ова лето. Можеби, на пример, Словенците кои се поблиски до нас ќе бидат похрабри. Туризмот и сродните индустрии сочинуваат една четвртина од економската активност на Хрватска, а ќе биде уште подобро ако оствариме и десет отсто од она што го имавме минатата година, рече Новотни.

Еднаков пад како Хрватска ќе има и Црна Гора, која исто како и Хрватска, зависи од туризмот. Малку помал удар ќе почувствува Словенија со пад од 8 отсто.

Понизок прилив на девизи од иселениците

За Хрватите особено е загрижувачки падот во Австрија и Германија, и тоа од две причини. Двете земји се предвидува да бидат во минус од дури 7 отсто од БДП. Првата причина за загриженост е тоа што освен пандемијата, Германците и Австријците ќе патуваат помалку поради недостаток на пари, што следствено ќе ја загрози и Хрватска.

Втората причината е што Хрватите ќе ги загубат своите работни места, во тие земји каде што традиционално одат на работа и можеби ќе започнат да се враќаат во Хрватска. Поради тоа ќе се намали и износот на девизите во Хрватска, од кои зависат голем број граѓани.

Новотни: Јас навивам за поголем пад

-Можеби звучи парадоксално, но јас навивам за уште поголем пад. После големите падови, следува релативно брзо и оштро закрепнување. Долгорочните и постепени падови се најлоши за економијата, вели Новотни, кој не смета дека падот од 9 проценти ќе биде катастрофа за Хрватска.

-Тоа би значело дека ќе доживееме криза како пред десет години, но овој пат со посилна економија. Од пад од 9 отсто можеме да закрепнеме за една или две години, доколку владата не ги направи истите грешки што беа направени за време на последната криза и уште повеќе да ги продлабочи. има повеќе тие не треба да соберат даноци како што направија за минатите кризи. Тие не смеат да ги зголемуваат даноците, како што е направено за минатата криза. Се надевам дека научија нешто-вели Новотни, кој предвидува дека целокупната економска активност може да падне за дури 15 проценти оваа година.

Штета што Хрватска не е во Еврозоната

-Доколку веќе бевме во еврозоната, ќе можевме да сметаме на пари од фондови наменети за екстремни шокови, а вака многу помалку пари ќе стигнат до нас. За среќа, HNB добро одговори, иако не конзервативно, со зголемување на ликвидноста на банките, а има и многу девизни резерви. Со тоа може да ги намали резервите на банките од 17 на 10 проценти, што е вообичаен просек, и тоа би можело да има огромно влијание врз економијата, заклучи Новотни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот