ММФ: Потрошувачите ќе страдаат од трговската војна меѓу САД и Кина

Главниот економист во Меѓународниот монетарен фонд, Гита Гопинат вели дека трговската војна меѓу САД и Кина ќе им наштети на потрошувачите во двете земји.

„Потрошувачите во САД и Кина несомнено ќе бидат во загуба поради тековните трговски тензии”, нагласи таа во порака на блогот на ММФ.

Гопинат посочи дека штетата во економијата ќе биде уште поголема ако се остварат заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за наметнување високи царински давачки за целосен увоз на стоки од Кина.

Таа додаде дека ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина ќе го загрози глобалниот економски раст во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот