ММФ одобри пакет од 15,6 милијарди долари за Украина

Фото Архива на СП

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри четиригодишен финансиски пакет за Украина во износ од 15,6 милијарди долари како дел од меѓународниот пакет за поддршка во вкупна вредност од 115 милијарди долари во втората година од руската инвазија, соопшти ММФ.

Одлуката се очекува да мобилизира големо концесиско финансирање од меѓународните донатори и партнери на Украина за да помогне во решавањето на проблемот со платниот биланс на Украина, да се постигне среднорочна надворешна одржливост и да се врати одржливоста на долгот, се наведува во соопштението.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер ја поздрави одлуката на ММФ.

Тоа е голема помош во нашата борба против руската агресија. Заедно ќе ја поддржиме украинската економија. Одиме кон победа, напиша тој.

Финансискиот пакет од 115 милијарди долари вклучува заем од ММФ, 80 милијарди долари помош и заеми од други земји и простување долгови до 20 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот