ММФ: Коронавирус ја турна глобалната економија во рецесија

Директорката на ММФ потенцира дека ќе уследи влошување на ситуацијата на многу пазари во раст, кои се уште не се директно погодени од новиот коронавирус, но имаат одлив на капиталот, намалена потрошувачка за нивниот извоз и драстичен пад на цената на суровини што ги извезуваат.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека новиот коронавирус ја турна глобалната економија во рецесија и оти државите треба да одговорат со огромно зголемување на потрошувачкатаза да ја избегнат потенцијалната серија банкроти.

Таа преку видео-конференцја, одржана синоќа во Вашингтон истакна дека на земјите во развој им се потребни најмалку 2,5 билиони долари финансиска помош за да ја надминат кризата.

– Сега е јасно дека влеговме во рецесија, иста, ако не и полоша од таа во 2009 година, посочи Георгиева, додавајќи дека истата ќе се продлабочува и понатаму.

Таа оцени дека за разлика од бавното заздравување од глобалната финансиска криза 2008/2009 сега може подобрувањето на економијата да се случи уште во 2021 година, но под услов ако се запре Ковид-19 и се спречат проблемите со ликвидноста.

Прочитајте и...  Трамп ги предупреди демонстрантите: Соберете се пред Белата Куќа, но ќе ве пречекаат најжестоките кучиња

Директорката на ММФ потенцира дека ќе уследи влошување на ситуацијата на многу пазари во раст, кои се уште не се директно погодени од новиот коронавирус, но имаат одлив на капиталот, намалена потрошувачка за нивниот извоз и драстичен пад на цената на суровини што ги извезуваат.

Досега 81 држава побара или се распрашувале за итно финансирање од ММФ, од кои 50 земји со ниски приходи и 31 со средни доходи, меѓу кои Пакистан, Гана, Иран и Киргистан, на кои им е одобрена првата помош.

Извршниот одбор на ММФ вчера одобри измени што ќе му овозможат на Фондот да ги ослободи од отплата на долговите најсиромашните држави и најзагрозените членки во рок од две години.

Прочитајте и...  Драма на небото над Индија: Авион вратен во Москва, пилот бил позитивен на корона

Светска банка одобри слични измени со цел  да се олесни долгот на сите земји-членки и најави дека ги разгледува „корона” проектите за финансирање на здравството за 25 земји, со вкупна вредност од две милијарди долари. СБ одвои 14 милијарди долари за здраствените системи во борбата против новиот коронавирус.

Прочитај повеќе

И утре променливо облачно со локален дожд

Слободен печат

САД: Пет финансиски гиганти купија злато за две милијарди долари

Марина Дамческа

Најмалку три жртви во Индијанополис во протестите поради смртта на Џорџ Флојд (ВИДЕО)

МИА Агенција

Не сакале да се тестираат од страв да не завршат на респиратор!

Марина Дамческа

Во Србија од утре ново попуштање на рестриктивните мерки

Слободен печат

Фил Хоган ќе се кандидира за нов шеф на СТО

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Федералната Влада засега нема да преземе контрола врз Националната гарда

Слободен печат

Израелскиот министер за одбрана „искрено“ жали за убиството на Палестинец со посебни потреби

Слободен печат

Во Кичево четворица кои имале контакт со заразеното лице со коронавирус се негативни

Слободен печат

Историски настан: Астронаутите на Спејсикс и НАСА пристигнаа на вселенската станица (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Белград нападнат лидерот на Слободните граѓани, актерот Сергеј Трифуновиќ

Слободен печат

Директорот на БЈБ Тасевски побара полицијата да биде ослободена од партиската политика

Слободен печат