ММФ ја смени проекција за 2021 година: Глобалниот раст ќе биде 5,5 проценти

Фото Архива на СП

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата за глобалниот раст во 2021 година за 0,3 проценти и сега изнесува на 5,5 отсто, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставување на јануарскиот извештај „Светски екононски изгледи 2021″.

Таа наведе дека е сменета проекцијата на годинешниот раст во однос на октомври лани, поради очекуваното зголемување на деловните активности во текот на годината по вакцинацијата против ковид-19, како и поради дополнителните пакети за поддршка на економијата и граѓаните во неколку големи економии.

Во исто време ММФ ја намали проценката на минатогодишниот глобален пад за 0,9 проценти на 3,5 отсто. За 2022 година се предвидува растот на светската економија да изнесува 4,2 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот