Младоликоста и затегнатата кожа се одржуваат со витаминот Е!

За оваа домашна маска потребни ви се само 2 состојки – витамин Е и растителен глицерин.

Витаминот Е е познат како витамин на младоста и убавината и е еден од главните витамини одговорни за затегнатата и здрава кожа на лицето.

Тој регенеративно влијае на кожата, ги корегира последиците од сонцето, но и допринесува за побрзо заздравување на раните.

Колку е ефикасен говори и фактот дека редовно се користи во естетската хирургија, но и дека е еден од главните состојки на скапите креми за лице и производи.

Фотографија: Profimedia

Растителниот глицерин на кожата ѝ дава влажност и ја прави мека, еластична и длабоко хидрирана. Сепак, внимавајте – доколку подолг период сте во простории или предели каде воздухот е изразено сув и влажноста е ниска, глицеринот е подобро да го избегнувате, бидејќи ќе има контраефект – ќе ви ја дехидрира кожата.

Потребни состојки (достапни во скоро сите аптеки):

– 10 капсули витамин Е
– 25 мл растителен глицерин (вишокот префрлете го во друго шишенце)

Припрема:

Дупнете ги со игла капсулите од витамин Е и ставете ги во шишенцето со глицерин, па добро протресете.

Навечер нанесете малку од смесата на потполно чисто лице и оставете да стои околу 50 минути. После тоа не се мијте, туку само пребришете го лицето со влажна марамица и легнете си.

Маската е потребно да се нанесува секојдневно во рок од 14 дена, а првите резултати ќе ги видите после една недела.

Смесата треба да биде густа и леплива, да ви ја загрева кожата, но тоа не треба да ве загрижува.

По потреба во текот на овие 14 дена, направете дополнителна количина од маската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот