Младо момче загина во сообраќајна несреќа во Кичево

Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Дваесет и двегодишно момче го загуби животот откако со „пасат“ излетало од патот Гостивар-Кичево.

„Денеска (15.08.2024) во 01.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.А.(22) од с.Туин, Кичевско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал“, информираат од МВР.

Бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот