Младите ракометарки ќе играат за петтото место на ЕХФ-шампионатот

Храбрата Македонија има шанси за полуфинале/фото: РФМ

Женската ракометна јуниорска репрезентација на Македонина утре против Исланд ќе игра за освојување на петтото место на ЕХФ-шампионатот кој се игра токму во Скопје. Денеска младите ракометарки ја совладаа Финска со 31:25 во разигрувањето за пласман од петто до осмото место.

Победникот беше одлучен во второто полувреме откако првиот дел заврши без победник 11:11.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во првите десет минути од второто полувреме дојдоа до предност од 18:13 и до крајот на средбата ја одржуваа предноста за на крајот да слават со конечни 31:25.

Јанкуловска и Коларовска постигнаа по седум голови, додека Седлоска даде пет гола за Македонија која утре од 13 часот ќе игра против Исланд во напреварот за пласман на петтото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот